вторник, 26 мај 2026

Дури 22 гола на четири меча на Боксинг деј, дури девет на Етихад (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во историјата на Премиерлигата, често знаело да има многу голови на „Боксинг деј“, а таков е и денешниот.
 
Најефикасно беше на Етихад, каде што Манчестер Сити со 6-3 го победи Лестер.
 
Граѓаните уште во првото полувреме поведоа со 4-0 со голови на Де Брујне, Махрез, Гундоган и Стерлинг.
 
Но потоа следуваше шок за домашните, Лестер даде три гола преку Медисон, Лукман и Ихеначо и намали на 4-3.
 
Но брзо стигна студен туш од Лапорт кој зголеми на 5-3, а конечните 6-3 ги постави Стерлинг со својот втор гол.
 
Арсенал со 5-0 победи на гостувањето кај Норич. Сака даде два гола, по еднаш погодија Тирни, Лаказет и Смит Роу.
 
Тотнем со 3-0 го совлада Кристал Палас, Кејн, Лукас Мура и Сон ги дадоа головите.
 
Изненадување направи Саутемптон кој со 3-2 победи на гостувањето кај Вест Хем. Гостите трипати водеа, домаќините само двапати израмнуваа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ