Столе Димитриевски го одбрани голот на Рајо Ваљекано кој оствари уште еден триумф на домашен терен, овојпат го победи Еспањол со 1-0.
Клучниот момент се случи во 54. минута кога Кабера си постигна автогол.
Леванте го смени тренерот, но резултатите остануваат исти. Денеска одиграа само 0-0 против Осасуна.
Барди почна од клупата за резерви, во игра влезе во 67. минута од натпреварот.
По 16 одиграни меча Рајо е на високото 6то место, а Леванте е последен без ниту една победа.






