петок, 1 мај 2026

Дибала од пенал во финишот го спаси Јувентус од пораз против Интер (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Интер може да жали што не ги освои трите бода против ривалот Јувентус, нероазурите беа блиску до тоа, но не успеаа.
 
Домаќините поведоа уште во 17. минута, Чалханоглу шутираше силно, топката се одби до Џеко кој ја смести во мрежата за водство на Интер од 1-0.
 
Јувентус се обидуваше да дојде до израмнувње, но Интер добро го контролираше мечот се до самиот финиш кога Думфрис несмасно направи прекршок за пенал, а Дибала погоди од белата точка за конечни 1-1.
 
По девет одиграни кола Интер е на третото место со 18 освоени бода, Јувентус е шестти со 15.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ