Барселона синоќа испушти водство од 0-3 на гостувањето кај Селта, домаќините со голот на Аспас во 96. минута направија огромен кам-бек и се изборија за бод.
Падот на „каталонците“ не беше единствената дебата во медиумите, во фокусот се снајде и Филипе Кутињо.
Кога Ансу Фати се повреди во финишот од првото полувреме, Филипе Кутињо беше првиот играч испратен на загревање, но на крајот Бразилецот не одигра ниту една минута.
Дел од новинарите кои го следеа мечот велат дека фудбалерот одбил да влезе во игра, додека пак другите пренесуваат дека Бразилецот бил толку мрзелив и незаинтересен па како казна не добил шанса.
На прес конференцијата, новинарите го запрашаа Серхи Бархуан за инцидентот, а тој рече: „Не приметив како се однесувал, целиот мој фокус беше на натпреварот, а не на тоа што се случуваше на клупата. Мислам дека добро се сложував со сите изминативе 10 дена. Јасно е дека е потешко со оние кои не играа. Моја задача е да носам одлуки и тој не играше денес“.
Новинарот Ману Ередија ја искористи целата ситуација за малку мајтап на социјалните мрежи.
„Неверојатна пасивност од Кутињо. Не знаеме дали Серхи Бархуан го повика да се загрева или пак го разбуди од дремката“ – напиша тој.
Tremendo el pasotismo de Coutinho: no se sabe si Sergi lo llamó para calentar o si lo despertó de la siesta. pic.twitter.com/tutJPyJw0S
— Manu Heredia (@ManuHeredia21) November 6, 2021






