сабота, 2 мај 2026

Чави дал зелено светло, Дани Алвеш се враќа на Камп Ноу и ќе игра за ситни пари

Објавено на

часот

Сподели

Првото засилување за Чави ќе биде изненадување, на Камп Ноу се враќа 38 годишниот Дани Алвеш. Неколку извори од Шпанија пренесуваат дека Чави на кантар ги ставил добрите и лошите страни од еден ваков трансфер и на крајот дал зелено светло за ангажман на десниот бек.

Сега раководството на Барселона го финализира договорот на Бразилецот. Тој е свесен за тешката финансиска состојба на клубот како и ограничувањата поради финансискиот фер-плеј па прифатил да игра за ситни пари.

Нејасно е кога тој ќе може да дебитира, едни извори велат дека Дани Алвеш ќе биде на располагање од 1. јануари, додека пак други говорат за дупка во правилата и можност десниот бек да биде во конкуренција веќе на дербито со Еспањол следниот викенд.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ