По лошиот старт на сезоната, Јувентус полека се качува кон горните позиции на табелата. Денеска оствари многу значаен триумф на гостувањето кај Лацио.
Двата гола на мечот беа постигнати од пенал, еден во првото, еден во второто полувреме, Леонардо Бонучи двапати беше прецизен од белата точка.
Јувентус сега е на шесттата позиција со 21 бод колку што има и Лацио.






