Карим Бензема помина добро и куртули од затвор во судскиот спор за изнуда и уцена во скандалот со секс-снимката на Матју Валбуена .
Напаѓачот на Реал Мадрид е осуден на една година условна затворска казна и ќе треба да плати глоба од 75.000 евра за соучество во злосторство.
Карим Бензема поради својата инволвираност со години не добиваше повик за настап во репрезентацијата на Франција но тоа се промени минатото лето, кога тој се најде на списокот за Европското првенство.
Пред три недели, првиот човек на ФФФ порача дека одлуката на судот нема да има никакво влијание, па се очекува Карим Бензема и покрај тоа што е прогласен за виновен, да биде дел од составот на „триколорите“ за мундијалот во 2022.






