недела, 3 мај 2026

Барди во идеалниот тим од квалификациите за СП (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Македонија направи историски успех, за првпат едни квалификации заврши на второто место и се пласираше во бараж за Светското првенство.
 
Овој успех донесе и индивидуално признание за Енис Барди кој се најде во идеалниот тим на квалификациите.
 
Тој има петта најдобра оценка на популарниот сајт „WhoScored“ во тимот на колото.
 
„Клучен играч на Македонија за второто место и пласман во баражот, Барди му се приклучи на Тадиќ во средниот ред во овој идеален тим. Страшен настап во убедливите 5-0 над Ерменија кога постигна хет-трик, но имаше несреќа да го заврши циклусот со само две асистенции и просек од 2,3 клучни додавања во меч. Барди играше добро за Македонија во текот на целите квалификации иако не ги одигра сите мечеви, во тимот влегува со оценка од 7,82“, стои во описот за Барди.
 
Голман во идеалниот тим е Бухел од Лихтанштајн, во централниот дел од одбраната се Мегваер (Англија) и Ван Дајк (Холандија), на бековските позиции се Кансело (Португалија) и Мае (Данска), во срцето на средниот ред покрај Барди е Тадиќ (Србија), на крилните позиции се Берхаус (Холандија) и Депај (Холандија), во нападот се Кејн (Англија) и Левандовски (Полска).
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ