Баерн Минхен изминатиов период е во фокусот на јавноста поради проблемите со фудбалерите кои не сакаат да се вакцинираат, се работи за петмина, и во моментов сите се во карантин.
Прв кој замина во карантин беше Џошуа Кимих поради контакт со лице од своето опкружување кое било позитивно на ковид-19, а од вчера во карантин се и Серж Гнабри, Ерик Максим Чупо Мотинг, Џамал Мусиала и Микаел Куисанс поради контакт со позитивно лице вработено во Баерн.
Изминатиов викенд беше објавено дека Баерн ги известил фудбалерите дека ќе го применат законот според кој од 1. ноември работодавецот слободно може да не им исплаќа плата на вработените кои не сакаат да се вакцинираат а мораат во карантин.
Во случајнот на Џошуа Кимих, кој два пати мораше во карантин, тоа значи кинење на плата од околу 768.000 евра.
Но анти-ваксерите нема да седат мирни, спорд БР, тие размислуваат да го тужат Баерн Минхен доколку им биде скратена платат и да влезат во правна битка со клубот.






