недела, 3 мај 2026

Анти-ваксерите во Баерн полека си лeгнуваат на брашното, двајца веќе примиле прва доза

Објавено на

часот

Сподели

Баерн Минхен изминатиов период е во центартот на вниманието, шампионот на Германија во своите редови има петмина фудбалери кои не сакаат да се вакцинираат и тоа му создава главоболки на тренерот Јулијан Нагелсман.

„Баварците“ оваа недела им се зазканија на анти-ваксерите дека ќе им кратат од плата (во случајот на Џошуа Кимих се зборуваше за сума од 768.000 евра). Исто така се пишуваше дека фудбалерите одговориле со иста мера и се заканиле со тужба, но се чини дека тие полека си легнуваат на брашното.

Кикер пренесе дека Серж Гнабри и Џамал Мусиала, откако се консултирале со неколку доктори, веќе примиле прва доза. Серж Гнабри има прележано ковид-19 па за две недели ќе се води како целосно имунизиран.

Што се однесува до Џамал Мусиала, немало јасни препораки за него и тој спаѓа во групата на граѓани со низок приоритет бидејќи има само 18 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ