недела, 3 мај 2026

Агентот на Милинковиќ Савиќ флертува со Јувентус: Се работи за голем клуб, чест е за секој играч

Објавено на

часот

Сподели

Сергеј Милинковиќ Савиќ често е дел од трансфер шпекулациите, Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и ПСЖ се дел од клубовите со кои Србинот се поврзуваше во минатото, но Лацио не се откажува лесно од неговите услуги.

Сепак, неговиот агент вели дека само прашање на време е кога ќе се случи трансфер.

„Со сета почит кон Лацио, морам да кажам дека Сергеј е играч за голем клуб во иднина. Сигурен сум дека наскоро ќе дојде време за нови соништа и нова авантура“ – вели Матеја Кежман.

„Во минатото имавме неколку сериозни преговори со Јувентус, но на крајот ништо не се сличи, не пронајдовме заеднички јазик“.

„Јувентус и натаму е голем клуб и на секој играч би му била чест да игра за „стара дама“. Ќе видиме што ќе се случи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ