недела, 3 мај 2026

Абидал се огласи по скандалот и претепувањето на фудбалерката на ПСЖ: Го заслужив ова понижување

Објавено на

часот

Сподели

Бракот на Ерик Абидал е пред распаѓање откако беше откриено дека имал љубовна врска со Кејра Хамрауи, која во моментов ги брани поите на ПСЖ.

Фудбалерката беше нападната на 4. ноември, две маскирани лица ја извадиле од автомобил и со метални прачки ја удирале по нозете. Полицијата се насочи кон одмазда бидејќи еден од напаѓачите извикувал, „Сакаш да спиеш со женети мажи?“ и во фокусот на истражителите се најде Ерик Абидал, на негово име бил телефонот кој го поседувала Кејра Хамрауи.

Ерик Абидал потоа и признал на својата сопруга дека бил неверен и имал љубовна врска со Кеира Хамрауи кога двјацата биле дел од Барселона. Хајет Абидал, која се сомничеше за инволвираност во нападот, веднаш побара да даде исказ за да престанат гласините, а пред неколку дена поднесе и брање за развод.

Денеска Ерик Абидал го прекина молкот и испрати порака на социјалните мрежи.

„Хајет Абидал, прости ми. Каква и да биде твојата одлука, во моите очи ќе останеш жената на мојот живот, особено мајката на нашите прекрасни деца. Го заслужив ова понижување и покрај тоа што ме убива“ – гласеше постот на поранешниот играч на Барселона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ