петок, 14 ноември 2025

Елмас: Тешко е кога не играте на вашата позиција, но за Наполи можам да играм било каде

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, синоќа првпат беше стартер за Наполи во Лигата на шампионите под водство на Анотнио Конте и беше најдобар на теренот. Мечот против Ајнтрахт заврши без голови.

Објавено на

часот

Сподели

Елмас синоќа прво играше како лево крило, а потоа како дефанзивен играч од средниот ред. Познато е дека тој игра на повеќе позиции во средниот ред и тоа му е предноста во однос на други фудбалери, но Елиф вели неговата позиција е плејмејкер и тешко му е кога игра на друго место.

„Јас сум плејмејкер, но можам да играм било каде за Наполи. Навивачите понекогаш не разбираат колку е тешко да не играте на вашата природна позиција, но јас секогаш се трудам да го дадам најдоброто за Наполи“, кажа Елмас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ