Ѓоковиќ имаше маестрален влез во мечот, првиот сет го доби со 6-1, во вториот имаше водство од 3-2 со брејк, но потоа следуваше неверојатен пад.
До крајот на мечот Ѓоковиќ доби само еден гејм, Зверев преостанатите, второт сет го доби 6-3, а третиот со 6-1.
Ѓоковиќ никогаш не победил на Олимпијада, овој трофеј му фалеше, но не успеа. Тој целеше и кон нешто кое никој не го направил, во исто време да ги држи сите четири грен-слема и олимписко злато.
Следната шанса ќе му биде за три години во Париз, но нејасно е тогаш во каква форма ќе биде.
Зверев во финалето ќе игра против Качанов кој го победи Карењо Буста со 6-3 и 6-3.






