Голем ден за Нова Ѓоковиќ, во финалето на Вимблдон го победи Матео Беретини со 3-1 и по шести пат го освои големиот турнир, за него ова беше 20. грен-слем турнир, иста бројка имаат и неговите големи ривали Федерер и Надал.
Во првиот сет Ѓоковиќ имаше водство од 5-2, но потоа следуваше серија од три гејма на Беретини со која изедначи на 5-5. Сетот отиде во тај-брејк кој го победи Италијанецот со 7-4 и поведе со 1-0 во сетови.
Откако го загуби првиот сет, Новак го крена нивото и следните сетови ги доби со 6-4, 6-4 и 6-3 за голем триумф од 3-1 во сетови.
Откако се изедначи со Федерер и Надал по бројот на освоени грен-слем титули, Ѓоковиќ на следниот ќе има прилика да ги престигне и во таа категорија која е исклучително важна во трката за признанието најдобар тенисер на сите времиња.






