сабота, 25 април 2026

Трагедија: Почина еден од најталентираните мотоциклисти во Европа по страшен судар во Арагон

Објавено на

часот

Сподели

Нова трагедија во мотоспортот, животот го загуби еден од најперспективните мотоциклисти во Европа. На денешната трка во Арагон во рамките на Европскиот куп на таленти, 14 годишниот Уго Милан падна во вториот круг, се обиде да избега од патеката, но на него налета друг возач.

Момчето доби третман на патеката, а потоа беше пренесен и во мобилната болница во Арагон, за на крај со хеликоптер да биде однесен во болница во Сарагоса.

Сепак, докторите не можеле да сторат ништо за да го спасат неговиот живот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ