Блажевска-Еминова настапи во втората квалификациска група и делницата од 100 метри ја помина за време од 57,19. Тој е резултат е послаб за шест стотинки од нејзиното најдобро време, но беше доволен за првото место во квалификациската група.
Во вкупниот пласман во квалификациите, македонската пливачка заврши на 40. место од 52 пливачки. Најдобрите 16 се пласираат во полуфинале.






