Дејан Георгиевски кој на Македонија ѝ донесе сребро од Олимписките игри од Токио, ќе добие награда и од својот град Скопје.
„На иницијатива на градоначалникот Шилегов, Град Скопје ќе му додели парична награда во износ од 300.000 денари на добитникот на сребрениот медал во теквондо (категорија над 80 килограми) на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на следната седница на Советот на Град Скопје“, соопштија од Град Скопје.






