Ѓоковиќ во три сета го победи Шаповалов, но канадскиот тенисер пружи сериозен отпор. Резултатот изгледа убедлив, но Новак добро се испоти за да стигне до финалето.
Во првиот сет се играше тај-брејк кој Ѓоковиќ го доби со 7-3, а следните два ги доби со 7-5 и 7-5.
За Ѓоковиќ ова ќе биде вкупно 30. грен-слем финале, а седмо на Вимблдон.
Во финалето ќе игра против Италијанецот, Матео Беретини кој со 3-1 беше подобар од Хуркач.






