сабота, 25 април 2026

Ѓоковиќ со сигурна победа против Штруф се пласира во осминафиналето на ОИ

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ со 6-4 и 6-3 го совлада Јан Ленард Штруф и го продолжи патот кон своето прво олимписко злато.

Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против Давидович Фокина кој со 2-1 беше подобар од Милман.

Денеска сигурна победа забележа и Александер Зверев кој со 6-2 и 6-2 го совлада Галан Риверос.

Елиминација доживеа Марин Чилиќ кој со 2-1 (5-7, 6-4, 6-4) беше поразен од Карењо Буста.

Место во осминафиналето обезбедија и Басилашвили, Фоњини, Медведев и Копфер. Останатите дуели од 1/16 финалето се играат утре.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ