Новак Ѓоковиќ со 6-4 и 6-3 го совлада Јан Ленард Штруф и го продолжи патот кон своето прво олимписко злато.
Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против Давидович Фокина кој со 2-1 беше подобар од Милман.
Денеска сигурна победа забележа и Александер Зверев кој со 6-2 и 6-2 го совлада Галан Риверос.
Елиминација доживеа Марин Чилиќ кој со 2-1 (5-7, 6-4, 6-4) беше поразен од Карењо Буста.
Место во осминафиналето обезбедија и Басилашвили, Фоњини, Медведев и Копфер. Останатите дуели од 1/16 финалето се играат утре.






