По освоениот Вимблдон, следна цел на Новак Ѓоковиќ е златото на Олимписките игри во Токио.
„Со голема радост се пакувам за Токио да ѝ се приклучам на нашата репрезентација во борбата за медалите. Настапот за Србија за мене е посебна радост и мотивација, ќе дадам се од себе за да ги израдувам сите“, изјави Ѓоковиќ.
Новак Ѓоковиќ од Олимписки игри има само бронза од Пекинг. Неговото учество во Токио беше неизвесно поради големиот број на рестрикции од организаторот, сепак вечерва Србинот потврди дека ќе биде дел од Олимпијадата.






