Македонија денеска го слави Дејан Георгиевски, Македонецот освои сребрен медал на Олимписките игри во Токио во таеквондо.
Во финалето за противник го имаше супериорниот Русин, Владислав Ларин кој е најдобар таеквондист во моментов. Георгиевски пружи сериозен отпор, но не успеа да направи сензација и да дојде до златото.
Во првата рунда Русинот дојде до предност од 2-0, втората рунда беше изедначена и најинтересна, двајцата борци освоија по седум поени.
Во последната, решавачка рунда Георгиевски влезе со два поени негатива, проба да ја анулира, но Русинот ја покажа својата класа, ги доби тие две минути со 6-2 и со вкупни 15-9 го доби финалето.
Пораз кој не боли многу, Дејан Георгиевски го освои среброто и се запиша во македонската олимписка историја.






