сабота, 25 април 2026

Георгиевски се врати во Скопје: Овој успех не е само за мене, овој успех е за целата Македонија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Георгиевски свечено беше пречекан на аердромот во Скопје од директкорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, од неговите клупски колеги и стотици навивачи кои дојдоа да го поздрават.

„Ви благодарам на сите што дојдовте тука за мене, да ми дадете поддршка. Мило ми и што сте во вака голем број. Уморни сме, имавме три летови досега, патувавме многу време. Ве поканувам да дојдете сите вечер на плоштадот да го прославиме овој успех затоа што тој не е само за мене, овој успех е за асите во Македонија. Почнаа емоции да работат кај мене кога ве гледам во толку голем број“, рече Георгиевски.
 
Потоа качен на отворен автобус тргна кон центарот на градот. Најдобриот македонски олимпиец денеска во 19:30 часот на плоштадот Македонија ќе има пречек на кој се очекува да дојдат голем број на фанови кои ќе сакаат да го поздрават неговиот успех.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ