сабота, 25 април 2026

Георгиевски ќе добие 10.000 евра од МОК и месечна стипендија од 1.000 долари

Објавено на

часот

Сподели

Дејан Георгиевски го направија најголемиот олимписки успех во Македонија откако го освои среброто во теквондо на Олимписките игри во Токио.
 
Заслужни награди за него пристигнуваат од повеќе страни, а една од највредните е од Македонскиот олимписки комитет.
 
„Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на Таеквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно подржан од Олимпискиот комитет. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно“, стои во соопштението на МОК.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ