сабота, 25 април 2026

Георгиевски е во полуфиналето, Македонија е на чекор до медал на Олимписките игри

Објавено на

часот

Сподели

Македонија е на чекор до медал на Олимписките игри откако Дејан Георгиевски се пласира во полуфиналето на турнирот во таеквондо.

Откако го елиминираше светскиот шампион, во четвртфиналето за противник го имаше Сејду Гбане од Брегот на Слоновата Коска.

Првата рунда беше претпазлива од страна на двајцата борци, во неа немаше поени, во втората Георгиевски поведе со 3-1.

Интересна беше последната рунда во која Гбане успеа да израмни на 4-4, но последната минута беше во знакот на Георгиевски кој освои уште пет поени и победи со 9-4.

Во полуфиналето Дејан Георгиевски ќе има илен противник, Кјо Дон Ин од Јужна Кореја. Тој меч е во 9:45 по македонско време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ