Голем, огромен успех за Македонија, Дејан Георгиевски како што вети пред заминувањето со медал ќе се врати од Олимписките игри во Токио.
Нашиот олимпиец со 12-6 ја победи полуфиналната борба против Јужнокореецот, Кио Дон Ин.
Првата рунда ја доби Ин со 1-0, но во втората Георгиевски направи пресврт и поведе со 5-3.
Во третата решавачка рунда, Георгиевски не само што ја одржа предноста туку и ја зголеми за конечна победа од 12-6.
Во финалето Георгиевски ќе се бори против Русинот Ларин Владислав кој важи за голем фаворит на турнирот. Но веќе имаме медал, а дали тој ќе биде златен или сребрен останува да видиме по финалето кое треба да почне во 14.45.






