Под списокот кој кружи на социјалните мрежи, стои името на претседателот на МОК, Даниел Димевски. Тој бара приоритетна вакцинација на Олимписката делегација за Олимписките игри, но на списокот има лица кои немаат никаква врска со спортот и олимпизмот, но се членови на семејствата на челниците на МОК и АМС.
Претседателот на МОК, Даниел Димевски на списокот ја ставил својата сопруга, а таму се наоѓа и сопругата на директорот на АМС, Наумче Мојсовски. Спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски го пријавил својот син како дел од олимписката делегација.
На прес конференцијата пред заминувањето на олимпијците, челниците на МОК најавија дека само најзаслужните ќе бидат дел од делегацијата, односно спортистите кои ќе учествуваат и нивните тренери. Ветија дека нема да носат претседатели на федерациите кои би биле само шетачи во Токио. Но ако луѓето кои се на овој список се заминати во Токио, тогаш МОК ја добил и улогата на туристичка агенција за најблиските луѓе на челниците.







