Македонската џудистка, Арбреша Реџепи на барање на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) морала да оди во изолација поради тоа што за време на летот од Франкфурт до Токио седела во близина на лице позитивно на ковид-19.
Таа веќе петти ден е во Токио, и направила пет теста за ковид-19, на сите нив била негативна, па добила зелено светло да се појави на денешното отворање на Олимписките игри.
Реџепи заедно со Дејан Георгиевски ќе ја имаат улогата на знаменосци на Македонија на отворањето на Олимписките игри кое започнува од 13 часот.
Таа својот прв настап на ОИ ќе го има на 25. јули во категоријата до 52 килограми, противник ќе ѝ биде Жил Челси од Бразил.






