Во битката за трофејот, македонскиот претставник ќе се соочи со Татабања. Ждрепката во седиштето на Европска ракометна федерација во Виена му донесе добра вест на Охрид, реваншот ќе се игра пред домашната публика во салата „Билјанини извори“.
Првиот финален натпревар е закажан за 23 или 24 мај во Унгарија, додека реваншот ќе се одигра на 30 или 31 мај во Охрид.






