понеделник, 17 ноември 2025

Потценета европска земја прогласена за најпријателска на континентот

Според наградите „Избор на читателите“ за 2025 година на списанието „Конде Наст Тревелер“, честопати занемарена земја официјално е прогласена за најпријателска во Европа.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Читатели од целиот свет ги споделија своите искуства, а изненадувачки победник е Естонија, пренесува Тајм аут.

Точно така – малата балтичка нација позната по своите шуми како од бајките, дивите плажи и сауни покрај езерото ги надмина европските „тешкаши“ и го зазеде првото место.

Нејзиниот главен град, Талин, е град во пастелни нијанси, под заштита на УНЕСКО, со улици со калдрма, средновековни ѕидови и скриени дворови. Преку ден се чувствува како бајка, а ноќе се трансформира во жива мешавина од барови со жива музика, пабови и кафулиња кои служат локално занаетчиско пиво. Воздухот можеби е свеж, но енергијата на Естонија во никој случај не е ладна.

На второ место е Ирска, каде што доброто расположение е практично национален спорт. Само седнете во паб во Голвеј и наскоро ќе разговарате со локалното население. На островите Аран, пријателските водичи раскажуваат приказни постари од античките урнатини, додека во Бундоран, познат по брановите и сурферите, до зајдисонце сите веќе се познаваат.

Третото место го зазеде Португалија, земја чии луѓе се весели како времето. Во Порто, можете да се наситите со огромен португалски сендвич прекриен со сирење со поглед на реката. Во Националниот парк Херез, можете да јавате коњи низ некои од најубавите пејзажи во земјата, а на Азорските Острови, можете да ги разгледате езерата Сете Сидадес. Каде и да одите во Португалија, ќе се чувствувате како да сте пристигнале дома.

Останатите земји во Европа според списанието по редослед се: Исланд, Тусрција, Грција, Италија, Австрија, Шпанија и на десеттото место се најде Кипар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ