Серијата ги следи семејствата на хиени, леопарди, лавови и диви кучиња во период од пет години во долината Луангва во Замбија, гледачите ќе имаат можност да видат ретки моменти, како на пример кога животните се соочуваат со опасност од поставени стапици, до нивните жестоки борби за територија или моментот кога петдневно младенче лавче ги отвора очите за прв пат.
Екипата за документарецот, исто така, успеа да долови извонредна сцена кога глутница диви кучиња спасува еден од своите членови од вилиците на крокодил.
„Никогаш не би можеле да напишеме такво сценарио, само природата може“, изјави извршниот продуцент Мајк Гантон, пренесува Би-би-си.
Во новата серија, раскажана од Сер Дејвид Атенборо, беа снимени и многу други животни, како слонови и бабуни.
„За време на снимањето, добивме многу информации за животните до кои инаку не би можеле да пристапиме, за нивната исхрана, топографија, движење, раѓање и смрт“, заклучи научниот консултант на серијата, Метју Бекер.






