Ушгули е највисокото постојано населено село во Европа. Се наоѓа во провинцијата Сванети на северозапад од Грузија, на надморска височина од 2.100 метри.
Животот во подножјето на планината Шхара, дел од Кавказ, се одвива непрекинато околу 2.000 години. А тоа не е лесно. Сванети е едно од најизолираните места во оваа европска земја, со лоша патна инфраструктура и снег што паѓа шест месеци во годината.
Поради зимските услови, речиси е невозможно да се стигне до жителите на Ушгули половина година. Во селото живеат околу 70 семејства или околу 250 луѓе. Тие се горди и сериозни жители кои го зборуваат сванскиот јазик и главно се занимаваат со сточарство.
Ушгули стана популарна туристичка дестинација во последниве години, откако е прогласен за светско наследство на УНЕСКО. Селото има етнографски музеј, а посетителите во близина можат да ја посетат и капелата Ламарија од 12 век, исполнета со прекрасни фрески.






