Животното од 750 килограми има препознатлива руса коса, што го забавуваше локалното население кои одлучи да го нарече биволот Доналд Трамп токму поради неговата сличност со американскиот лидер, пренесува Дејли меил.
Розовата текстура на кожата дополнително го издвојува од остатокот од стадото и му дава впечатлива сличност со републиканскиот претседател. Откако животното стана познато на интернет, привлече огромни толпи луѓе на фармата во Нарајанганџ, во близина на главниот град Дака.
Меѓутоа, бидејќи било продадено за колење по повод празникот Курбан бајрам (Еид ал-Адха), требало да се жртвува. Сепак, Министерството за внатрешни работи на Бангладеш интервенирало во последен момент, наведувајќи безбедносни причини.
‘Trump-lookalike’ buffalo is spared from Eid al-Adha sacrifice after going viral https://t.co/7JuNboQf6R
— Daily Mail (@DailyMail) May 27, 2026
Министерот за внатрешни работи Салахудин Ахмед нареди биволот да биде поштеден, парите на купувачот да му бидат вратени и животното да биде преместено во Националната зоолошка градина во Дака.
„Во последен момент беше донесена одлука да се поштеди биволот од жртвување поради безбедносни причини и невообичаено висок јавен интерес“, изјави претставник на министерството.
Сопственикот на животното, Зијаудин Мрида, рече дека обожавателите доаѓале да се фотографираат покрај необичното животно откако неговата вирална слава се проширила на интернет.
„Мојот помлад брат на шега го нарече Доналд Трамп кога ги виде влакната на неговата глава. Тој има многу смирена природа. Албино биволите генерално се питоми и не стануваат агресивни освен ако не се испровоцирани.“






