Пејачката Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо го направија својот прв јавен настап како пар во градот на љубовта – Париз.
Парот беше фотографиран пред познатото кабаре „Крејзи Хорс“ во саботата навечер, каде што го прославија 41-виот роденден на Кети.
Додека љубопитните фотографи собираа материјали за медиумите, новите љубовници само се насмевнуваа. Кети дури прифати и рози од обожавателите кои ѝ пееја песна за роденден.
katy perry & justin trudeau in paris pic.twitter.com/SCDzPXZANC
— 𝓕avs (@favspopculture) October 26, 2025
Пери и Трудо првпат предизвикаа гласини за врска во текот на летото, кога беа видени на состанок во Монтреал.
Според извор за списанието „Пипл“, Трудо полека го освојувал нејзиното срце по раскинувањето на претходната врска, па дури и отпатувал во Калифорнија за да ја види.
„Тие имаат лесна, природна врска. На Кети ѝ се допаѓа Џастин, го смета за шармантен и многу ја почитува“, изјавил извор близок на парот.






