вторник, 18 ноември 2025

Италијанците готват со вештачка интелигенција: Дали ВИ е новиот мајстор во кујната?

Шест од десет Италијанци користат вештачка интелигенција (ВИ) при готвење, покажа анкета на платформата „Академија.тв“ за кулинарски навики и употребата на технологијата во 2025 година.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето, спроведено меѓу љубителите на храна на возраст меѓу 25 и 45 години, открива дека 64 проценти од Италијанците користат вештачка интелигенција за да пронајдат идеи и да научат нови кулинарски техники, иако половина од испитаниците сè уште се сомневаат во квалитетот на генерираната содржина, пренесува Анса.

Врз основа на ова истражување, развиен е системот ШефГПТ (Кулинарски претходно обучен трансформатор), кој го користи знаењето на 207 кулинарски мајстори за да обезбеди персонализирана поддршка при подготовката на оброците.

Анкетата покажа дека 17,6 проценти од Италијанците редовно готват само за себе, додека повеќе од 80 проценти подготвуваат оброци за семејството и пријателите.

За 95 проценти од испитаниците, оброците се важни социјални пригоди, а 65 проценти сметаат дека е нормално да се посветат најмалку 30 минути за подготовка на домашен оброк.

Поради високите цени надвор од домот и ниската просечна куповна моќ, 82 проценти од Италијанците јадат надвор најмногу еднаш неделно.

Најчестите употреби на вештачката интелигенција во кујната вклучуваат креирање рецепти или менија врз основа на достапните состојки, прилагодување на јадењата на нетолеранции на храна и истражување на техники за подготовка на одредени видови храна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ