Палеонтолозите порано расправаа за возраста на фосилите пронајдени на локалитетот Нашоибито во северозападниот дел на Ново Мексико, новата студија употреби два метода за определување на возраста со кои е утврдено дека фосилите датираат од периодот пред 340.000 години од ударот на астероидот во брегот на полуостровот Јукатан во Мексико, кој се случи пред 66 милиони години, на крајот на кредниот период, пренесува Ројтерс.
Тој настан предизвикал катаклизма што избриша три четвртини од видовите на планетата, вклучувајќи ги сите диносауруси освен нивните птичји потомци.
Заклучоците од студијата се спротивставуваат на идејата, порано популарна меѓу палеонтолозите, дека диносаурусите биле вид на работ на истребување низ целиот свет пред ударот на астероидот.
Фосилите пронајдени во Ново Мексико припаѓаат на бројни видови диносауруси, од кои најголем е Аламосаурус, со тежина од повеќе од 30 тони и должина од околу 30 метри, како еден од најголемите тревопасни животни од групата сауроподи.






