Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Македонија е на дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност.
Пред членовите на Комисијата за образование, наука и спорт се Предлог-законот за високото образование, Предлог-законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката и Предлог-законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за високото образование и Предлог-законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, и двата во прво читање.
Пред Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија платформите за дипломатските активности ќе ги претстават тројца новоименувани вонредни и ополномоштени амбасадори. Во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ќе нè претставува Илина Мангова, во Комонвелтот Австралија – Стојанче Китаноски и во Кралството Холандија – Линда Салиоска Иљазоска.
Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржи надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“.





