четврток, 26 март 2026

Задутре времен застој на граничниот премин „Делчево“

Регионалниот центар за гранични работи Исток информира дека в среда граничниот премин и граничен надзор „Делчево“, односно од бугарска страна „Станке Лисичково“ целосно ќе бидат затворени за секаков сообраќај од 8 до 14 часот.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, според официјалното известување добиено од бугарските гранични полициски служби, причина се градежните работи на патната делница кај граничниот премин „Станке Лисичково“.

По завршувањето на работите сообраќајот и функционирањето на граничните премини ќе продолжи непречено да се одвива. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ