понеделник, 20 април 2026

Вреди: Талат Џафери овозложил правосудниот испит да не се полага на албански јазик

Со својот глас и потпис, Талат Џафери и ДУИ го изоставија албанскиот јазик од правосудниот испит. Значи, не само што не го заштитија албанскиот јазик, туку свесно го исклучија, на штета на многу студенти Албанци, се вели во реакцијата на Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Документот од 27 август 2019 година, потпишан од Талат Џафери, ја разоткрива вистината. Проблемот со правосудниот испит и исклучувањето на албанскиот јазик носи чист политички печат.

Според Вреди, ова е вистинското лице на ДУИ – јавно играат улога на патриот, додека во институциите потпишуваат против албанскиот интерес.

„20 години, тие имаа сè во свои раце, моќ, министри, позиции, мнозинство и влијание. Не им недостасуваше ниту сила ниту можност. Им недостасуваше само чесност и волја. Бидејќи за ДУИ, Албанецот вредеше само како глас, како бројка и како средство за одржување на нивната клика на власт“, се наведува во соопшението на Вреди од каде порачуваат дека ќе ја исправат и оваа неправда на Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ