„Се решаваат подземните проблеми со нов водовод и канализација, се гради модерна електрична и оптичка мрежа, а уличките добиваат нов здив со травертински камен и традиционално осветлување. Оваа инвестиција, вредна околу 29 милиони денари, вклучува и реконструкција на околните улици, третирајќи ја чаршијата како функционална целина. Некогаш, звукот на чеканот беше ритамот на животот во оваа чаршија. Денес, тој звук се заменува со друго ехо, ехото на развојот, инвестициите и враќањето на гордоста на Чаир.
Овој проект го презентираше градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во присуство на првиот заменик-премиер, Беким Сали, докажувајќи дека Вреди е сила на акција и визија за граѓаните. Чаир се развива. Чаршијата се преродува. Ова е голем чекор кон пожива, поекономична и поавтентична иднина, ехо кое ќе остане генерација по генерација“, соопшти Вреди.






