вторник, 11 ноември 2025

Во Собранието средба на пратениците од ДУИ и Левица, Муса Џафери и Реџеп Исмаил Хактан

Медиумите на албански јазик во Македонија објавуваат фотографија од средба на пратеникот и потпретседател на ДУИ Муса Џафери и пратеникот Левица, Реџеп Исмаил Хактан. Според Прес ТВ7 на средбата се разговарало за можноста за меѓусебна соработка во неколку клучни општини, вклучувајќи го Градот Скопје, Тетово и Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Разговорот се одвивал во пријателска атмосфера и главна тема била координацијата на поддршката за претстојниот втор круг на изборите, во области каде што албанските и македонските гласови може да бидат одлучувачки, пишуваат медиумите на албански јазик во Македонија.

Во својот коментар порталот Прес ТВ7 наведува дека „партијата Левица, позната по своите просрпски ставови и противењето на независноста на Косово, често е критикувана за својата националистичка реторика, додека можната соработка со албанските партии предизвика загриженост за идеолошката стабилност на оваа коалиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ