вторник, 2 јуни 2026

Во Словачка средба Сиљановска-Калињак: Македонија неоправдано е предолго во чекалната на ЕУ

Во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак.

Објавено на

часот

Сподели

„Вицепремиерот ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ и членството треба да е засновано единствено на исполнувањето на Копенхашките критериуми“, соопштија од кабинетот на претседателката.

Калињак го споделил своето позитивно искуство во соработката со македонските државни институции, изразувајќи подготвеност за натамошно унапредување во повеќе области, меѓу кои и во одбраната. Сиљановска изразила задоволство од принципиелниот став на Словачка во врска со проширувањето на Унијата. Таа укажа на ирационалноста на барањата и условите од идентитетски карактер, проследени со вето. Обајцата се согласиле дека билатералните прашања не смеат да бидат предмет на преговорите за членство во ЕУ.

Во пресрет на претстојниот Самит на НАТО во Анкара, соговорниците се осврнале на безбедносната состојба во Европа. За нив, јакнењето на партнерството во НАТО останува клучен фактор за зачувување на регионалната стабилност и европската безбедност, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ