понеделник, 20 јули 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари победија, а сега никаде ги нема да понесат одговорност за скандалот во Гостивар

Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за настаните во Гостивар.

Објавено на

часот

Сподели

„Подобриот живот и услови за гостиварци станаа најголемата изборна лага и празно слово на хартија, зошто локалната гостиварска владејачка коалиција граѓаните ги оставија без елементарниот услов за живот, чиста и безбедна вода за пиење.

Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари беа гласни додека славеа и се радуваа на победата во Гостивар, но по скандалот со водата и над 1.000 граѓани со симптоми на труење, никаде ги нема да се јават со реакција и да понесат одговорност.

Затоа прашуваме, зошто доцни и немавме брза реакција на локалните служби и дали СДС, ДУИ и Таравари сметаат дека овој скандал ќе помине неказнето и без понесување на никаква одговорност?

Од друга страна, лицемерно е однесувањето на СДС за овој сериозен случај, затоа што на чело на партијата го имаат Венко Филипче кому, како министер за здравство, во модуларната во Тетово живи му изгореа 14 лица, а за време на ковид периодот се случи најголемиот погром во државата, каде илјадници сограѓани ги загубија животите.

ВМРО-ДПМНЕ очекува целосно расветлување на скандалот во Гостивар и одговорност за тоа што над илјада наши сограѓани, поради труење од несовесното раководење на општинските институции, завршија во болница“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ