среда, 29 април 2026

Судскиот совет го усвои извештајот по приговори за избор на претседател на скопскиот Кривичен суд

Судски совет на денешната седница го усвои извештајот по приговори на судии за избор на претседател на Основен кривичен суд – Скопје. Беше појаснето дека до Судскиот совет биле поднесени приговори од судиите кои се кандидати за избор на претседател на Основниот кривичен суд – Скопје, кои приговараат на решенијата на Судскиот совет со кои вонредно е оценета нивната работа.

Објавено на

часот

Сподели

Од страна на комисијата при Советот бил изготвен извештај по однос на поднесените приговори кој денеска беше доставен до Судскиот совет.

Известителот Сузана Јошевска Анастасовска појасни дека се работи за оценувањето на кандидатите, судиите Даниела Димовска и Ивица Стефановски.

„Двајцата поднесоа приговори до комисијата по однос на бодовите кои ги добиле од страна на комисијата. Приговорите беа разгледувани од страна на комисијата и се утврди дека и двата приговори се основани, односно дека се работи за технички грешки во внесувањето во АКМИС системот и од тие причини евидентна беше основаноста на приговорите. Во извештајот се детално образложени од кои причини се усвојуваат и кои се бодовите итн…“, појасни таа.

Судскиот совет на денешната седница го усвои извештајот за спроведено вонредно оценување на работата на судиите како кандидати за избор на претседател на Управен суд.

Се расправаше и по претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите.

Актуелен в.д. претседател на Скопскиот кривичен суд е судијката Даниела Димовска која е на оваа функција од август, 2025 година.  

МИА

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ