сабота, 21 јуни 2025

Средба во Илинден, како да се искористат ИПА и ИПАРД програмите

Поддршката на Македонија преку европските фондови и потребите и капацитетите на општината за поголемо искористување на овие средства со цел реализација на проекти од интерес за граѓаните беа тема на разговорите на заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков со Александар Георгиевски, градоначалникот на Општина Илинден.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата беа разменети мислења во однос на можностите преку поддршката од ИПА и ИПАРД програмите, заменик министерката Трајков нагласи дека Министерството за европски прашања е отворено за помош на општината и на дообучување на кадарот за поголема искористеност на средствата од европските фондови. При тоа, заменик-министерката за европски прашања Трајков истакна дека европските фондови ќе помогнат во развојот на општината и ќе го подобрат животот на граѓаните во општината Илинден.
Георгиевски ја поздрави помошта на Министерството за  европски прашања, додавајќи дека институционалниот капацитет на општините е секогаш пресуден за успех и затоа смета дека ваквите напори треба да се зајакнат во следниот период.
На средбата беа прецизирани и следните чекори насочени кон подобрување на капацитетите на општината за поголемо искористување на средствата од европските фондови кои се на располагање.
Трајков, заедно со директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев на Општина Илинден, ја посетија и
компанијата „ДПП Тосама трејд“, која е корисник на ИПАРД мерката „Диверзификација на фармите и развој на бизнисите“.
Преку оваа мерка компанијата е поддржана со средства во износ од 21,7 милиони денари што ѝ помогнало за набавка на Комора за стерилизација со помош на којашто е модернизиран работниот процес.
Трајков, на средбата нагласи дека европските фондови се од голема важност за македонската економија бидејќи, како во конкретниот случај помагаат и во развојот на компаниите, но и ги стимулираат бизнисите раководени од жени, соопшти Министерството за европски прашања.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ