„Власта на Заев наместо за стандардот на граѓаните се грижи како да го зголеми стандардот на елитата околу нив. 65% од работниците земаат помалку 25 илјади денари. Дополнително секој ден се соочуваат со зголемување на цените на производите. Поскапеа горивата и струјата, се воведуваат зелени такси и даноци кои немаат врска со екологијата, туку со полнење на празниот буџет. Потрошувачката кошница поскапува, а народот осиромашува.
Јавниот долг на Македонија надмина 7 милијарди евра, а прогнозите на власта се дека тој ќе порасне до уште поневеројатни 8,5 милијарди евра или скоро 66% од БДП. Ова се 6 процентни поени повеќе од границата предвидена со Мастришкиот критериум. Патем нема никакви капитални инвестиции, нема нови автопати, болници, училишта и студентски градови, сето она кое што го ветуваа Заев и СДСМ, а кое што не го реализираа овие 4 години.
Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години за граѓаните. Овие 4 години ги имаат потрошени историски најголемите буџети, а нема никакви резултати од тоа. Само гледаме богатење на луѓето од власта од една страна, и осиромашување на огромното мнозинство граѓани. Ова мора да престане. Заев мора да биде поразен“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






