„Кредитот од ЕБОР обезбеден на крајот од далечната 2015 година во време на ВМРО -ДПМНЕ денес требаше да резултира со пуштање на далекуводот во погон и изградена 400 kV трафостаница во Охрид, со што ќе беше завршен коридорот Исток-запад од енергетски аспект, ќе беа подобрени напонските прилики во југозападниот регион на државата, ќе се зголемеше сигурноста и доверливоста на системот и ќе се овозможеше зголемен транзит на електрична енергија. Наместо тоа, денес имаме предизборен циркус каде главен збор е „ќе” и сликање со кое ќе не занимаваат во предизборниов период преку провладините медиуми. Со проектот се доцни повеќе години што укажува на неспособноста на СДСМ да создава нови вредности за доброто на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека и во наредниот период до изборите „ќе гледаме уште многу слични настани, некакви увиди во работењето и слични измислици“.
ВМРО-ДПМНЕ: Заев вели „ќе“, а далноводот кон Елбасан требаше да е завршен

ТОП ВЕСТИ





