понеделник, 18 мај 2026

ВМРО-ДПМНЕ ветува преселување на некои државни институции по општините

Објавено на

часот

Сподели

„Институционална децентрализација. Тоа е  една крупна реформа со која ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати и тоа нема да биде преку ноќ, можеби ќе треба повеќе време, можеби ќе требаат повеќе години, но еднаш засекогаш мораме да почнеме и да го најдеме местото на секое нешто онаму каде што тежи. Охрид за целиот свет е културна престолнина, нашиот Ерусалим и тука треба да бидат сместени сите државни културни институции и управи, а на крај и самото Министерство за култура. Тоа се вика институционална децентрализација, институциите таму каде што им е местото. Културата и министерството треба да бидат овде во Охрид“, изјави Мицкоски на партиската трибина во Охрид.

Тој вели дека секоја општина ќе добие децентрализирана државна институција, „да ја развиваме секоја педа македонска почва“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ