„Лагите дека граѓаните се виновни, не само што не држат вода, туку се потценување на интелегенцијата на народот. Власта на Заев била и е должна да обезбеди секогаш сведителства, регистарски таблички и лични документи, да предвиди и да набави, бидејќи тоа е основна задача и за тоа се платени од парите на граѓаните. Впрочем зошто постои владата на Заев ако не може вакви елементарни работи навремено да решава? Со ова покажуваат дека се целосно неспособни и да имаа грам доблест досега ќе беа поднесени оставки.
Но каков Заев, таква влада, за својата неспособност секогаш алиби бараат обвинувајќи ја опозицијата, народот или кој било друг.
Недозволиво е граѓаните на Македонија да не можат основни лични документи да вадат и се граѓани од втор ред во споредба со мафијашите, нарко босовите, убијците и терористите кои експресно вадат лажни исправи од македонски институции.
Овие 4 години власт на Заев се украдени и изгубени години. Доста е од неспособната, криминална и неодговорна власт на Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






